Денес Независниот синдикат на полицијата поднесе претставка и барање за изземање против 4 судии од Основниот граѓански суд и од Апелациониот суд во Скопје кои на 09.04.2025 година учествуваа на ,,кафе” работен состанок во МВР со претставници од МВР и Државниот правобранител на тема ,,Справување со предизвиците од судските постапки”.
❗️На овие, но и на сите судии сакаме да им порачаме: Платата на полициските службеници е составена од основна плата и зголемугање од 30%. Основната плата во платата не може и не смее да биде под минималната плата во државата. НСП нема да дозволи ниту еден вработен да биде оштетен поради политичко умилкување и поинакво толкување на одредбите од законот.