Во рамки на посетата на Златибор, Р. Србија, делегацијата на НСП се сретна и со Ивица Дачиќ, долгогодишен политичар, поранешен премиер и актуелен Министер за внатрешни работи на Р. Србија.
Како синдикат и понатаму ќе продолжиме да ги користиме меѓународните посети за остварување на контакти, поддршка и промоција на Независниот синдикат на полицијата и нашето Министерство за внатрешни работи.