️ Одржана редовна седница на Претседателството на НСП во Велес на која беа донесени следните одлуки:
✅️ Донесена Одлука за избор на скулптор за изработка на спомен биста на Тоше Тодоровски,
✅️ Донесена Одлука за организација на јавен собир со цел поткревање на свеста на јавноста за јавниот линч кој се води против полициските службеници во Кочани, со барање за фер и транспарентен судски процес низ кој ќе биде утврдена вината кај секого доколку постои, притоа почитувајќи ги законите и пресумцијата невиност.
✅️ Донесена Одлука за склучување на договор со тур оператор со цел организација на најавениот Синдикален камп.
✅️ Донесена Одлука за организација на меѓународна трибина во месец Август на тема ,,Синдикално заробеништво”, на која ќе бидат ангажирани домашни и странски експерти со цел изнаоѓање на соодветен начин и пракса за прекин на синдикалната задршка од страна на синдикатите спротивно на волјата на работникот, која речиси сите синдикати освен НСП ја практикуваат.
✊️ Независниот синдикат ќе продолжи како и секогаш да работи во интерес на членовите и вработените во МВР, Шумската, Судската и Затворската полиција, транспаретно пренесувајќи ги сите свои активности.