Единствено за членовите на НСП, нова и унапредена понуда со А1 оператор која ја нема ниту еден друг синдикат во државата! Попуст од 45% на мобилните линии во специјални тарифи кои сега може да се комбинираат и во Combo пакети и да се искористи дополнителен попуст на интернет и телевизија.
⛔️ Без административни забрани, скриени трошоци, намери и провизии за синдикатот. Само една мобилна линија враќа двојно повеќе од месечната чланарина на НСП, а секој член може да искористи до 5 линии, интернет и телевизија.
✍️ За активација на синдикалните тарифи потребно е да бидете член на НСП и да се најавите на 078/415-891 за да ви се испрати потврда за член до салонот кој ќе го изберете. Веднаш потоа можете да се обратите во салонот на А1 и да склучите договор на физичко лице со субвенционирана претплата без било каква потреба од префрлување на бројот во сопственост на синдикатот.
✊️ Независниот синдикат на полицијата и понатаму ќе продолжи да работи единствено во корист на членовите како и да бара дополнителни можности за директен поврат на месечната чланарина од која синдикатот опстојува и организира, протести, семинари, конференции, синдикални кампови, андроид апликации, кирии, авторски договори итн…
️ Биди дел од НСП, затоа што со членувањето не губиш ништо, а добиваш многу и даваш поддршка на вистинска и искрена синдикална борба која носи реални промени!