⛺️ Свечено отворен првиот POLICE CAMP BANSKO 2025 организиран од Независниот синдикат на полицијата во Банско, Р. Бугарија кој ќе трае од 10 до 12.09.2025 година.
Преку постојано поместување на границите и адаптирање на современите синдикални потреби очекуваме оваа синдикална активност да влијае на унапредување на меѓучовечките односи, тимскиот дух и меѓусебната доверба кај колегите.
✊️ Особена благодарсност до сите колеги кои не себично ни ја даваат поддршката и не мотивираат заедно да растеме и од тоа што беше на Пониква, преку тоа што беше лани во Охрид, да стигнеме оваа година тука, на ова ниво, за прв пат без проблем со 3 дена платено отсуство за сите колеги.