Денес во полициската станица Пробиштип со посебен пиетет свечено ја откривме бистата на Тоше Тодоровски, нашиот трагично загинат колега во трагедијата во Кочани, кој го загуби својот живот извршувајќи работни задачи, а зад себе остави две малолетни дечиња.
Не заборавивме да ги споменеме и сите преживеани колеги кои кобната вечер беа заедно со Тоше на задача и кои веќе 6 месеци по насоки на Основното јавно обвинителство се без плата, без придонеси и без здравствено осигутивање иако веќе роковите се истечени и против нив нема никакво обвинение.
✅️ Благодарност до раководството на Министерството за внатрешни работи за поддршката на настанот и на семејството во изминативе 6 месеци. Благодарност и до општината Пробиштип која помогна со потребната документација и уредувањето на просторот и секако благодарност до секој еден член на Независниот синдикат на полицијата кои несебично дава придонес и без кои синдикатот не би можел да го реализира овој проект.