️ Оваа година во Хотел Гарденија во Велес, како заокружување на една особено успешна синдикална година за НСП, во која организиравме два полициски протести, прв полициски интернационален камп, првомајски марш и подигнавме споменик колегата Тоше Тодоровски, одржавме редовно годишно собрание на синдикатот.
️ Оваа година организиравме и меѓународна конференција на тема синдикално заложништво, за прв пат како синдикат влеговме во сите работни групи на Министерството за внатрешни работи и добивме бенифициран стаж за шумската полиција.
✊️ Обезбедивме застапување на колегите во преку 100 кривични постапки и преку 300 дисциплински постапки, а сето тоа е само дел од позначајните активности на синдикатот кои остануваат зад нас.
‍♂️Особена благодарност до сите колешки и колеги, до сите долгогодишни членови на Независниот синдикат на полицијата и до секој еден од преку 400 нови членови кои ја препознаа нашата искрена заложба и во 2025 година се приклучија на НСП, без кои синдикатот немаше да биде тоа што е денес.