Јавно упатено барање до Министерот за Внатрешни работи, ЗОШТО ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ВРАБОТЕНИ во МВР на РМ , МВР немаат извршено уплаќање за Здравствено осигурување, за многу од нив имаме податок за неизвршена уплата од Декември 2013 год.
– Каде завршува паричната сума на планираните задолжителни средства за Здравствено осигурување на вработените во полицијата?
-Јавно бараме од надлежните во МВР, одговор за вистинскиот виновник и причинител за овој СКАНДАЛ?
-Кој и на каков начин ќе ги обештети и плати сумите на пари кои вработените во полицијата во изминатиот период плаќале полн износ за секаков вид на здравствен преглед при посета на здравствените домови ширум Републиката?