⏰️ Додека едните со писмо од пратениците побараа 20% зголемување, а другите одкако излажаа дека со новиот закон ќе добиеме 20% испратија писмо до премиерот со кое побараа 1 евро=бод, што во превод значи полицаец со 530 бодови да добие 32.595 денари, реалноста е дека просечната плата достигна 45.943 денари.
⛔️ Платата не се зголемува со писма туку со јавни реакции и протести. Додека постојат синдикати кои се водат само на хартија, во МВР ќе постојат плати кои дотигнуваат и 5 просечни плати, а на полицаецот и понатаму ќе му треба и повеќе од 50% зголемување за да дојде до просекот.
Како единствен синдикат кои никогаш не се плашел јавно да зборува за состојбите укажуваме дека во МВР е потребна итна и сериозна интервенција во платите која највеќе ќе се однесува на оние плати на извршителите кои се длабоко под просекот, а не процентуално зголемување кое уште повеќе ќе го зголеми јазот.