✊️ Како синдикат кои секогаш е на страната на работниците даваме поддршка на протестите на Сојузот на синдикати на Македонија за покачување на минималната плата од 600 евра иако не се сложуваме во целост дека во државата треба да расте единствено минималната плата и најголемиот дел од вработените да добиваат минимална плата.
Многу поиздржани ќе беа протестите доколку се организираа во соодветно време и сезона за протести, а покрај барањето за минималната плата ќе се изнесеа и барањата за почитување на колективните договори и системот на пресметка на плати во коефициенти кои досега требаше да започне да се спроведува.