На ден 26.06.2017 год. во организација на НПС Србија одржани се спортски игри во Облачинско Езеро – Србија.
На игрите НСП беа поканети како гости со цел да се зајакне соработката и во иднина е договорено игрите да станат традиција и да учествуваме и во натпреварувачкиот дел со наши спортски екипи.
По натпреварувачкиот дел одржан е работен состанок со колегите од Србија и Бугарија на кој се договорени насоките за понатамошна соработка.
Интервјуто на Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев за Press NPSS – Srbija интегрално можете да го прочитате ОВДЕ.