Денес на 23.12.2017 година беше одржано второто редовно собрание на НСП на кое земаа учество сите претставници од СО и СП од МВР, претставници од шумската и затворска полиција.

Со своето присуство не удостоија и Директорот на БЈБ Г-нот Лазе Велков, Заменик Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Г-нот Власте Димковиќ и Началникот на шумска полиција Г-нот Ејуп Јаја.

Наши гости беа и претставници на полицискиот синдикат од Р. Србија и претставници од синдикатот на затворска полиција од Р. Бугарија со кои потпишавме меморандум за соработка.

Во текот на денешниот ден ќе биде потпишан и меморандум за соработка со Синдикатот на полицијата на Р. Албанија.

Собранието беше конструктивно каде беа изнесени доста проблеми на полициските службеници и предлози за нивни решенија.

Во прилог обраќањето на Претседателот Гоце Делчев Тодев и фото галерија од активностите.

https://youtu.be/zJEqfqTv9zY