Независниот синдикат на полицијата денеска пред Владата побара зголемување на платата за уште дополнителни пет отсто за сите вработени во МВР, шумска, затворска и судска полиција. Зголемување на платата од пет отсто, согласно Предлогот на Владата за 2019, да се коригира со уште дополнителни пет отсто и да почне од 1 јануари 2019 година.

Претседателот Гоце Делчев Тодев изјави дека протестниот марш за денеска, а кој го најавивме во петокот, не се реализира поради лошите временските услови на патиштата во нашата држава.

„Му порачуваме на премиерот во наредните два-три дена да достави одредени корекции до Собранието, да ги земе предвид нашите препораки, заложби и барања. Сето ова што го говорам ќе оди на писмено како предлог до Владата и до Собранието се со цел навистина да имаме корекција и минимално 10 отсто на плата“, рече Претседателот Тодев.

Буџетот на Република Македонија, како што рече, мора да биде скроен врз база на предложените колективни договори кои се доставени од Гранскиот независен синдикат, а се однесуваат за шумската и за затворската полиција.

„ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАТИ“

„Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце!„

Ајде заеднички да се избориме за тоа!

Превземено од mkd.mk