Гранскиот независен синдикат на полицијата постигна ексклузивен договор со туристичката агенција „ЕЛЕМ ТУРС“ која ни ги понуди нивните капацитети:
- Хотел „Славија“ – Попова Шапка
- Хотел „Попова Шапка“ – Попова Шапка
- Хотел „Молика“ – Пелистер
- Авто камп „Ливадишта“
- Апартмани „Свети Стефан“ – Охрид
- „Планинска куќа„ – Маврови Анови
- „Вила Тиквеш“ – Стар Дојран
и тоа со 15% за сите членови на ГНСП.
Туристичката агенција „ЕЛЕМ ТУРС“ има само една цел – да им овозможат на корисниците ултимативно искуство и уживање во текот на целата година. Водени од таа мисија, капацитетите со кои располааат и кои ги нудат, се едни од најпосакуваните и најпосетените дестинации во Македонија, во секоја сезона.
Удобноста, гостопримството и услужливоста, како и стратешката локација, гарантираат незаборавно искуство и добро потрошени денови.
Бидејќи преференциите за авантура, уживање или едноставно релаксација се различни, тие нудат различни дестинации и услуги кои ќе го задоволат вкусот на секого. Тие гарантираат врвна услуга, топло добредојде, лојални домаќини и прекрасна атмосфера.
Сите понуди што ни ги нуди агенцијата можете да ги погледнете на нивната официјална интернет страна – elemturs.mk