30.09.2019 год.
И покрај сите „препреки“ за ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА протести на Независниот Синдикат на Полицијата со блокади на сообраќајниците се случи утрово.
Протестираа вработени во Полицијата, Шумската полиција, Затворската полиција и Судската полиција.
Се пишува историјата!
„Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања“.
Барањата на Независниот Синдикат на Полицијата во врска со најавениот протест денес лично беа доставени во Кабинетот на Премиерот Г-динот Зоран Заев.
За потсетување, централниот протест на Независниот Синдикат на Полицијата е во 10 часот на ден 02.10.2019 год. пред МРТВ.
ПОРАКАТА Е ПРАТЕНА….