Во името на Независниот синдикат на полицијата доделена е благодарница за особен придонес на Ѓокица Ѓоргиевски, кој од позиција на Командир на ПС за ГН Блаце досега даваше апсолутна поддршка за развој на Синдикатот.
 
Искрено се надеваме дека неговата заложба ќе ја продолжи и од позиција на Главен инспектор во ПЕП, со директна борба рамо до рамо со полициските службеници и учество на сите протести организирани од НСП како и досега.
 
Овој позитивен пример го истакнувсме со цел да укажеме дека свесноста на старешинскиот кадар за синдикализмот е особено важна, а ние како полициски службеници и колеги истото знаеме да го цениме.