Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска на протест пред Владата побараа усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно со колективните договори. Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата.
Од полицискиот синдикат побараа вредноста на бодот од 27 денари да биде покачен на 62 денари.
Генералниот секретар на НСП, Орце Коцевски рече дека иако ги доставиле барања до Владата за решавање на проблеми те со кои се соочуват полициските службеници добиле известување дека тие се проследени кај министерот за внатрешни работи, кој, како што посочи, не игнорира 2,5 години.
-Ова е сумата со која што полицискиот службеник вас ве брани, се грижи за вашата безбедност и го изложува неговиот живот за вие да бидете живи и здрави. Во оваа сума помала од 400 евра му се тие мизерни 30 проценти овластување вклучително, храна, превоз, стаж. Платата на полицискиот службеник е 3 000 денари помала од основната плата од 18 илјади денари, рече Коцевски, покажувајќи транспарент „Живот на полицаец вреден 400 евра“.
Превземено од press24.mk