Во врска со денешниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот Премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, за утре во 11.00 часот најавуваме прес конференција на која ќе упатиме жестока реакција.
Политиката и политичките кампањи да се обавуваат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели.
️Бараме од Министерот и од дополнителниот Заменик министер, веднаш да застанат во одбрана на работниците, да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада.
Ги повикуваме сите колеги кои сакаат да дадат поддршка утре во 11.00 часот да бидат пред Влада.