Денес потпишан е договор за соработка помеѓу Општина Конче претставувана од градоначалникот Златко Ристов и Независниот синдикат на Полицијата со Претседателот на НСП СВР Струмица Миле Милески и Претседателот на НСП ПС Струмица Славе Стојанов, за избор на најдобар полицаец за 2023, со што на крајот од годината ќе биде исплатен надомест од 18.000,00 денари на избраниот полицаец.
Со оваа иницијатива ќе се придонесе за мотивирање на полициските службеници и за подобра соработка со општинската администрација.