👉 Денес во рамките на седницата на Економско социјалниот совет, тим од експерти кои извршувајќи ја мисијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ /ILO) го презентираа својот извештај и забелешките во спроведувањето на конвенциите од областа на трудот и анти синдикалното делување.
✍️ Како главна забелешки од остварените средби со повеќе синдикати, институции, судови и останати државни органи беа слабото спроведување и примена на позитивно правните прописи, постоењето на пречки за слободно пристапување и истапување од синдикатите кои се вметнуваат преку статутите на некои синдикати, како и анти синдикалното делување насочено кон одредена категорија на вработени и синдикати.
✅️ Сите овие забелешки ќе бидат доставени во форма на извештај од страна на МОТ до сите страни од каде ќе се следи имплементацијата и спроведувањето на предлог мерките.