Во просториите на Министерството за труд и социјална политика одржана е средба помеѓу претставници на КСОМ и претставници на Меѓународната организација на трудот (МОТ/ILO).
Темата на состанокот беше: слободата на синдикално организирање и заштита од анти-синдикална дискриминација кое произлегува од Конвенција за правото на организирање и колективно договарање.
На состанокот изнесовме аргументи и докази за:
– Дискриминација која се врши врз претставниците и членовите на КСОМ.
– Непочитувањето на Законот за работните односи и меѓународните конвенции во делот на слободата за синдикално здружување и дејствување од страна на државните институции.
– Анти-синдикалното делување на државните институции.
– Ограничувањето на слободата за избор на синдикат од страна на работниците во Република Македонија.
Во периодот што следи, претставниците на меѓународната организација на трудот ќе ги разгледаат сите факти и докази кој им ги доставивме и од истите очекуваме да имаат соодветни реакции со цел во иднина да се спречи самоволието, непочитувањето на законите и меѓународните конвенции од страна на дел од државните институции .
Последно што напоменавме на средбата е дека КСОМ ќе ги искористи сите механизми на располагање, а се со цел Република Македонија да стане држава во која се почитуваат законите, работичките права и слободата на синдикално организирање по примерот на државите од кои што доаѓаат и претставниците на МОТ затоа што тоа ни е основната и единствена цел. Очекуваме МОТ да биде наш сојузник во остварување на таа цел.