Ми претставува особена чест што денес склучивме договор за соработка со синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата при Струмица, претставувана од претседателот Миле Милески.
 
Во документот кој го потпишавме се обврзавме општината Василево да започне со избор на најдобар полицаец на општината Василево со место на вработување во ПС Струмица, а по предлог од формирана комисија од Независниот синдикат од ПС Струмица да му се додели парична награда во висина од 18.000 денари.
За потребите на полициските службеници ќе се користи и спортската сала во Василево без надомест.
Со оваа иницијатива која ќе се спроведува во континуитет секоја година ќе допринесеме за мотивираност и соработка со полициските службеници што дополнително ќе се одрази на безбедноста на самата општина.
 
Превземено од Фејсбук профилот на Славе Андов