Министерството за внатрешни работи има околу 11.500 вработени. Во последните 5 години се донесени над 18.000 решенија за распоредување на вработени.
Ваквиот начин на често флуктуирарње низ работните позиции во различни организациони единици доведува до стрес, демотивација и не компетентност на вработените во извршувањето на работните задачи.
Предлагаме примена на Српскиот модел за надминување на оваа состојба, а тоа е потпишување на договори за вработување на ниво на сектор за внатрешни работи, регионален центар за гранични работи, ОСПО итн…
Со овој модел вработените нема да може да бидат распоредувани надвор од нивните организациони единици по нечива желба, ќе можат да ги предвидат работните позиции во нивниот работен стаж, да се насочат кон својот кариерен развој во областа за која што се определиле (сообраќај, граница, ЈРМ, ОСПО, инспекторати), да чуствуваат сигурност и припадност.