На ден 21.10.2017 година Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев одржа прес на кој се обрати директно до Министерот за Внатерешни Работи Г-нот Оливер Спасовски, од кој побара радикални промени на условите во кои работат колегите на граничните премини потенцирајќи ја ПС за ГП и ГН Стење.
Од тогаш па до денес не е направено ништо од предходните министри и условите за работа таму се катастрофални.
Граничниот премин „Стење“ е отворен согласно договорот помеѓу РМ и Р. Албанија во 1992 година, кога е и изграден денешниот објект во кој се сместени ПС за ГП и ГН- Стење и Царинската испостава- Стење.
Претседателот Делчев Тодев го покани Министерот лично да дојде и да се увери во мизеријата и проблемите со кои се соочуваат полицајците во ПС за ГП и ГН Стење.
Претседателот го потенцираше и проблемот со непродуктивното и непрофесионално прераспоредување на вработените во шумската полиција од еден град во друг без никаква причина.