
Сметаме дека вработените преку синдикатите како засегната страна треба да бидат вклучени во целиот процес што би довело до транспарентна постапка во која работниците ќе ги следат изворно измените и ќе имаат можност активно да се вклучат во подготовката на овој Закон, кој во најголемиот дел се однесува токму на нив.