Честитка по повод Денот на полицијата на Република Србија
Почитувани припадници на полицијата на Р.Србија
Во име на Независниот синдикат на полицијата ви упатуваме искрени честитки по повод Денот на полицијата. Вашата храброст, посветеност и одговорност е одлика на униформата што ја носите секојдневно, со што ја гарантирате безбедноста и сигурноста на вашите граѓани.
Чест е да се носи полициската униформа која е симбол на респект, братство и служба во интерес на заедницата. Вашата професионалност и посветеност се пример за принципи и морални вредности.
Нека ви е честит Денот на полицијата!