Имено 3 месеци по положување на приправничкиот испит на полициските приправници истите се уште вршат приправнички работи односно од страна на МВР се уште не се донесени решенија за вработување на оваа категорија службеници.

Бараме од Министерството – Министерот веднаш да донесе решенија за оваа категорија на вработени и да најде начин да ги обештети по основ разлика на плати и придонеси во периодот од положувањето на приправничкиот испит, до донесувањето на решение за вработување на неопределено време.

Да напоменеме дека со неносењето на решенијата, на секој приправник се нанесува штета по околу 10.000 – 15.000 илјади денари месечно. Законски одредениот период за обавување на приправнички стаж од 6 месеци кој е пропишан со Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР, станува пракса да не се почитува и колегите да обавуваат приправнички стаж и по 14 месеци пред добивање на решенија. Со ова системски се нанесува штета од поголема парична сума на оваа категорија на вработени во МВР и нивните семејства, да не напоменуваме што би се случило доколку оваа категорија на службеници утре правдата ја побараат преку судските инстанци и која штета би било тоа за самото Министерство.

Освен решенијата, оваа категорија на вработени се оставени од самиот почеток без никаква полициска униформа и се принудени сами да се снаоѓаат, купуваат и шијат…

Бараме од МВР и од Министерот сериозно да се заложи за решавање на проблемите на овие вработени и да размисли, кој свесно ја убива желбата за работа на младиот полицаец од самиот почеток на неговата кариера.

ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА