Како продолжение на иницијативата ,,Најдобар полицаец во секоја општина”, денес претседателот на НСП Струмица Миле Милески во името на НСП склучи договор со градоначалникот на општина Ново село, Ѓорѓе Божинов.
Општина Ново село од годинава воведува избор на ,,Најдобар полицаец” и награда од 18.000 денари со што ќе се допринесе за поголема мотивација на полициските службеници и поголема соработка со општинската администрација.