
Денес во Министерството за внатрешни работи, Помошник генералниот секретар Даниел Лазарев учествуваше на работен состанок во врска со новиот Закон за внатрешни работи на кои од негова страна беше посочена забелешката за потребата од поширока јавна дискусија и формирање на работна група за разгледување на предлог законот со цел подготовка на квалитетно и одржливо законско решение.