На ден 23.02.2018 година, во ВИП Хотел во Скопје се одржа состанок на Комисијата за приправници при НСП. На состанокот присуствуваа членовите на комисијата како и претседателот Гоце Делчев, адвокат Дончо Стаменков и Томислав Гиевски претседател на Грански Независен синдикат на образование и наука како почесен гостин на состанокот.

При двочасовната дискусија, беше договорено менување и дополнување на членовите на комисијата, беа договорени поединечни средби и презентации со членовите од Тетово, Струга и Прилеп, беа отворени голем број прашања од областа на синдикалната заштита и делување како и визија и перспектива на комисијата.

 

ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА ПОЛИЦИЈАТА