Една од работите за која како синдикат се залагаме е промоција и оддавање почит за заслугите на колегите кои секојдневно ги доведуваат сопствениот живот и здравје во опасност за да помогнат на граѓаните.
Херојството на колегите од ПС Кисела Вода со справувањето со синоќешниот пожар е еден таков позитивен пример кој сигурно спаси човечки животи.
Изразуваме огромна благодарност за пожртвуваноста на колегите и се надеваме на брзо опоравување.