Со огромниот притисок кој го направивме преку протестите, пресовите и најважно преку огромниот број на тужби на адвокатскиот тим на НСП, конечно почнавме редовно да го добиваме она што законски ни следуваше.
Искрено се надеваме дека под истиот тој притисок министерството брзо ќе почне со исплата на хранарина за работа ноќе со што ќе се оствари уште една точка од програмските цели на Синдикатот.