📣 Сите колеги кои се од внатрешноста, а не им се обезбедени службени возила за присуство на дисциплинските постапки кои се водат во Скопје никако да не прифаќаат да патуваат на свој трошок.

❗️Дисциплинските постапки се службени работи исто како и семинарите, обуките и предавањата, на кои кога учествуваат тие што не ви одобруваат службени возила, не само што им се обезбедени возила туку им се исплаќаат и дневници.

✍️ Во случај кога не е обезбедено службено возило потребно е да се напише службена белешка во која ќе се извести раководителот и комисијата дека поради финансиски причини (немање пари) не сте во можност да присуствувате на дисциплинската расправа во Скопје.

⛔️ Никој нема право да ве изложува на дополнителни трошоци и да ви крати од семејниот буџет кој и онака е доволно тенок!