Според претседателот на синдикатот, Гоце Делчев Тодев, до министерот за внатрешни работи е доставено известување во кое се опфатени неколкуте барања од полициските службеници

thumbs_b_c_2cffe65ad521630e0449431eaab03ce9

 

„Бараме да им биде исплатен надоместокот ретроактивно за последните три години согласно Законот, односно надоместок за 2013 и 2014 година. Бараме писмено да бидеме информирани дали Министерството за внатрешни работи до Министерството за финансии испратило допис каде се бара исплата на ваков вид надоместок за годишен одмор и доколку било испратено да биде доставено на увид како доказ пред нас и нашето членство. Бараме да биде исплатен надоместок за плата за годишен одмор во износ од платата на работник исплатена во последните три месеци”, изјави Делчев Тодев.

Од независниот синдикат велат дека доколку не се преземат мерки, активности и напори во најбрзо можно време со што ќе бидат решени проблемите, ќе дојде до масовно поднесување на тужби од страна на работниците во МВР.

Превземено од http://aa.com.tr/mk/