🇲🇰 Пред дочекот на 2️⃣0️⃣2️⃣4️⃣, година која е двојно изборна (со редовни Претседателски и редовни парламентарни ) најавувам година во која ќе одржиме и Вонреден изборен Конгрес на Гранскиот НСП.
Годината која заминува за НСП беше исполнета со активности кои целосно беа јавно и транстпарентно објавувани преку социјалните мрежи, портали и ТВ медиуми и немаше тајни и задкулисни дела.
НСП и во 2023 остана Независен синдикат водејки самостојна синдикална стратегија, работа и делување.
Растот на членството и во годината која изминува, говори за рејтингот на НСП во полицијата но и за потребата за вистински синдикат во МВР и институциите.
Протесниот КАРАВАН на НСП во 2023 , мото-пешачките протести, беа резултат на многу лошите закони кон вработените во полицијата , мизерните плати и лошиот полициски живот.
Срамниот и мизерен начин на потпишување на “НОВ К.Д.” во последниот работен ден од веке изминатата година, нов К.Д. кој никој ниту го видел ниту го прочитал, без предходни консултациии без работни групи вклучувајки го и НСП, за Независниот синдикат но и за огромен број вработени во полицијата е анти демократски однос кон министерството и државата.
Огромната политичка доза внесена и присутна во полицијата, срашно негативно влијаеше при извршувањето на многу од задачите во кои беа вклучени помегу останатите и полициски професионалци кои точно знаеле и се свесни за СЕ.
Конечно после многу години стагнација и уназадување на бројни колективни и индивидуални права, НСП со појак интензитет ќе стори се за носење решенија за подобар статус на полицискиот работник во Македонија 🇲🇰.
На сите вработени во полицијата , вработени во шумската, судската и затворската полиција, на сите работници во државата како и на сите граѓани на Македонија, Ви ги честитам престојните празници, Ви посакувам мирна и успешна изборна 2024 година.
🚩НСП за полицијата.🇲🇰