Како продолжение на иницијативата ,,Најдобар полицаец во секоја општина”, денес претседателот на НСП Струмица Миле Милески во името на НСП склучи договор со градоначалникот на општина Ново село, Ѓорѓе Божинов.
👍 Општина Ново село од годинава воведува избор на ,,Најдобар полицаец” и награда од 18.000 денари со што ќе се допринесе за поголема мотивација на полициските службеници и поголема соработка со општинската администрација.