Претседател на НСП

Гоце Делчев Тодев – Претседател на Гранскиот Независниот Синдикат на полицијата, роден на 14.07.1969 год. во Скопје Р.Македонија. Завршил општо средно воено училиште 1988 во Белград и Воена Академија 1992 год.во Белград. Во работен однос во АРМ на РМ од Јануари 1993 год. Од АРМ во МВР на РМ поминува во 2004 год. живее во Скопје, Работи во МВР на РМ во граничната полиција.

Живее на Ул.Финска бр. 19 Скопје, Р.Македонија Тел за Контакт 078/270-134 FB: GOCE DELCEV,

Гранскиот Независен Синдикат на Полицијата во Централниот Регистар како синдикат, внесен и Регистриран е на 01.03.2016 год.

Со синдикати и синдикални активности се занимава од 19.01.2007 год. Со формирањето на првиот официјален Независен Полициски Синдикат на Македонија. Независен Полициски Синдикат на Македонија со неговото оформување веднаш бил впишан како синдикална организација во КСОМ во Конфедерацијата на Синдикалните Организации на Македонија. Заради брзиот раст на членството во НПСМ , Гоце Делчев Тодев во 2009 год. Избран е за Генерален Синдикален Координатор на Независните синдикални организации во КСОМ.

Заради отсусуството на синдикално организирање и делување во полицијата, во Јануари 2016 год. По многу брз и енергичен план во организација на Гоце Делчев Тодев, вклучувајки полицајци од редовната полиција, Шумската и Затворската полиција и Администрација и Судската полиција, свикано е основачко собрание и изработен план за делување и прв Статут кои на 18.01.2016 год. По регуларен пат законски предвидено и постапено, доставил барање за регистрација на Грански Синдикат на Полицијата, како Независен Синдикат во кој Статутарно можат да членуваат полицајците кои се во МВР на РМ полицајци и вработени во Затворската полиција и администрација, полицајци и вработени во Шумската полиција и администрација полицајци и вработени во Судска полиција . НСП Независниот Синдикат на полицијата на 22.02.2016 год. Добива Решение за Грански синдикат Решение издадено од Д-р Фростна Ременски- Ташевска, Министер за Труд и социјална политика. НСП регистриран е од Синдикална Организација на Скопски Регион, Синдикална Организација на Кумановски Регион и од Синдикална Организација на Гранична полиција на Скопски Регион Танушевци, Блаце и Чашка со Решение издадено ид Централниот Регистар на Република Македонија на 01.03.2016 год. Основната цел на Гоце Делчев Тодев од самиот почеток на функционирањето на Независниот синдикат на полицијата е НЕЗАВИСНО делување и исклучиво синдикално работење и решавање на проблемите на полицајците проблеми од сите свери кои се синдикално поврзани.

Гоце Делчев Тодев, воедно е еден од клучните и истакнати личности во КСОМ. Со неговите општествени делувања и работења, директно влијае на регистрација на 20- дваесет синдикални Организации сега веќе членки во КСОМ.

Гоце Делчев Тодев, како Претседател на НСП но и како Главен Генерален Синдикален Координатор на КСОМ учествувал на повеке од 50-сетина прес конференции и уште толку најразлични контактни и дебатни ТВ и радио емисии.

ХОБИ му е: ФОРМИРАЊЕ на СИНДИКАЛНИ ПОДРУЖНИЦИ и СИНДИКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ во Независниот Синдикат на полицијата но и во КСОМ во Конфедерацијата на Синдикалните Организации на Македонија.