Мартин Ефремов: Во рамките на посетата на Златибор, Р.Србија, одржана е првата конститутивна седница на Балканската полициска унија на која како Претседател на Унијата предложив изработка на идентични интернационални членски легитимации.
Со овие легитимации кои ќе бидат изработени до крајот на годината, нашите членови ќе можат да се легитимираат и да ги користат поволностите од договорите за соработка братските синдикати низ сите земји на Балканската полициска унија.
Дополнително во наредниот период ќе биде изработен и веб сајт на унијата преку кој колегите ќе можат да ги видат сите коминтенти, но и лицата за контакт и помош од земјите во регионот кои стојат на располагање за сите потреби на членовите на унијата додека претстојуваат во земјите на братските синдикати.
✊️ Продолжуваме да ги користиме меѓународните посети конструктивно, со цел заеднички континуиран развој низ призмата на помош, поддршка и полициска солидарност.