👉Изминатиот период претседателот на Гранскиот Независен Синдикат на Полицијата Гоце Делчев одржа средба со владини претставници во врска со Законот за Минималната плата во Р.С.Македонија.
На состанокот од страна на претседателот Гоце Делчев беше покренат проблемот и прашањето за одредување на основната плата на работниците во Министерството за внатрешни работи без разлика дали се членови на синдикатот или не. Односно истиот нагласи дека дека доколку од основната компонента за плата се исклучат зголемување за 20%, односно за 30% за овластени службени лица и додатокот за кариера предвидени согласно Законот за внатрешни работи ќе се добие висината на основната плата.
Меѓутоа овде беше нагласено дека во тој случај основната плата на работниците во Министерството за внатрешни работи би била под минималната плата. Со изгласувањето на минималната плата од 18000 денари или околу 300 евра се очекува соодветно зголемување на платата на сите работници во Министерството за внатрешни работи.
Овие активности од страна на Независниот Синдикат на Полицијата предизвика силна подршка кај работниците во целото министерство со очекување на законско зголемување на платата на работниците во МВР.
 
👉 In the past period, the President of the Branch Independent Trade Union of Police Goce Delchev-Todev held a meeting with government officials regarding the Law on Minimum Wage in Republic North Macedonia.
At the meeting, the President raised the issue of determining the basic salary of workers in the Ministry of Interior, regardless of whether they are members of the union or not. He stressed that if the basic salary component excludes an additional component of 20%, for authorized officials and 30% for police officers plus career allowance provided in accordance with the Law on Interior, the amount of the basic salary will be obtained.
However, it was emphasized that the basic salary of the workers in the Ministry of Interior would be below the minimum wage. With the announcement of the minimum wage of 18,000 denars or about 300 euros, a corresponding increase in the salary of all workers in the Ministry of Interior is expected.
These activities by the Independent Police Union caused strong support among the workers in the entire Ministry. The expectations are legal increase of the salary of the workers in the Ministry of Interior.